Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја потврди коалицијата со Арсовска – СДС стои позади хаосот во Скопје, ги врзуваат тендери и матни зделки

Тајната коалиција Ковачевски – Арсовска излезе на површина. И самиот Ковачевски призна дека имал средби со Арсовска во Влада.
 
СДС и Арсовска стојат позади целиот хаос во главниот град.
 
Ковачевски и Арсовска заедно се виновни за грабежот над скопјани кои здружно го прават. Нивната коалиција е само за бизнис зделки и тендери во четири очи.
 
Арсовска постави кадар на СДС за директор на ЈСП. Директорот на ЈСП, Стојковски, лично ја потпиша набавката од 27 милиони евра за гориво по цена од 2 евра за литро. 
 
Грабежот на Скопје е заеднички организиран од Ковачевски и Арсовска.
 
Арсовска ги малтретира работници и го загрозува јавниот превоз во Скопје. 
 
Само за две недели, Арсовска се соочи со протести на вработените во ЈСП поради неисплатени плати, на приватните превозници поради неисплатен долг, како и протестите на вработените во Дрисла поради закани за отпуштање е доволен показател дека градот не функционира.
 
Градот никогаш не бил понечист, граѓаните за прв пат немаат јавен превоз, додека претпријатијата се пред колапс, а долговите растат, Арсовска наместо да се фати за работа и да  ги реализира проектите од програмата за Модерно Скопје за кои скопјани дадоа поддршка, се среќава на тајни средби со Димитар Ковачевски и СДС.
 
Една година беше доволен период за скопјани да видат дека Арсовска е најнеспособната градоначалничка.
 
Оваа криминалната коалиција Арсовска/СДС создава хаос во градот и е на штета на сите граѓани.
 
Арсовска мора веднаш да си замине.

 

Треба да знаете
Последни објави