Спортската јавност во Германија и светот се занимава со елиминацијата на германската репрезентација од Мундијалот во Катар. Во конкуренција на Јапонија, Шпанија и Костарика, Германија го освои третото место во групата.
Германија, која има четири светски титули, претходно и во Русија не успеа да ја мине првата фаза.
Германија испадна поради лошата игра во дефанзивата, согласни се стручните коментатори, поранешните и актуелните тренери, поранешните ѕвезди на светскиот фудбал.
Во Германија за најголеми виновници се прогласени селекторот Ханси Флик и Никлас Зуле.
„Германија има проблем во одбраната. Зиле не е фудбалер од светска класа. Тој е германскиот Хари Мегваер”, изјави прославениот холандски фудбалер, Рафаел ван дер Варт.
екаше да се произведе ново.