Search

(Видео) Букер постигна 51 поен во три четвртини!

Бостон продолжи да победува во новата сезона од најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Овојпат совладан е Мајами со 134:121. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Тејтум кој постигна 49 поени. За Бостон ова беше 14. победа во 15 натпревари. Тејтум одигра одличен натпревар кој го заврши со дабл-дабл скор од 49 поени и 11 скокови.

Но, Тејтум не беше најефикасниот играч на 13 натпреаври кои се одиграа вечерта во НБА лигата. Девин Букер од Феникс беше најефикасниот играч со постигнати 51 поен во триумфот на неговиот тим над Чикаго од 132:113. До овие 51 поен Букер стигна за помалку од 31 минута, иако на паркетот помина вкупно 30 минути и 40 секунди. Исто така тој стана само вториот играч на Феникс кој на еден меч постигна 50+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки.

Резултати: Кливленд – Филаделфија 113:85, Орландо – Атланта 108:125, Бостон – Мајами 134:121, Бруклин – Вашингтон 113:107, Њујорк – Милвоки 103:109, Минесота – Мемфис 109:101,  Њу Орлеанс – Торонто 126:108, Оклахома – Сан Антонио 119:111, Денвер – Хјустон 120:100, Феникс – Чикаго 132:113, Јута – ЛА Клиперс 125:112, Сакраменто – Индијана 137:114, ЛА Лејкерс – Портланд 128:109.

Треба да знаете
Последни објави