Search

Влаховиќ за наводната афера со жената на резервниот голман и за конфликтот со Пикси: Обични лаги од мали луѓе

Напаѓачот на Јувентус и на српската репрезентација, Душан Влаховиќ ги демантираше шпекулциите за конфликт со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси, но и за наводната „љубовна“ афера која ја „тресе“ репрезентацијата, вести кои дојдоа од Србија по разочарувачкото 3:3 реми со Камерун.

Според српските табоиди Душан Влаховиќ имал афера со сопругата на резервниот српски голман, Предраг Рајковиќ, додека Немања Гудељ имал афера со сопругата на Лука Јовиќ по што дошло до физичка пресметка меѓу Гудељ и Јовиќ, но ова беше демантирано од самите фудбалери, кои објавија фотографии на кои се заедно на тренинзите.

Влаховиќ реагираше поостро.

„Жал ми е што морам вака да почнам, но се работи за моето име. Работите кои ги читаме се обични глупости и небулози. Тоа го прават луѓето на кои им е здодевно и немат друга работа и се навистина искомплексирани и лоши, лути на некого и работат против интересите на репрезентацијата. Во тимот никогаш немало подобра атмосфера и тоа не е сменето. Се работи за ‘рекла-казала’ муабети. Ќе го заштитам моето име и ќе побарам законски мерки. Ова не е првпат и досега не се јавував, но сега морам да реагирам. Се работи за луѓе кои никогаш не направиле ништо во својот живот и нема на мене да собираат поени. Ова е точка на оваа тема“, вели Влаховиќ.

Тој исто така демантира дека има конфликт со Пикси.

„Нема проблеми. Напишав на Инстаграм дека сум секогаш подготвен, бидејќи за Србија можам да играм и со една нога. Ако е во интерес на репрезентацијата да бидам на клупата, тогаш ќе биде така. Зборував со мистер и се е во ред“, вели Влаховиќ.

Србија утре го игра одлучувачкиот меч за осминафинале против стариот познаник Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави