Search

Јокиќ и Мареј фаќаат ритам, нова победа на Денвер

Кошаркарите беа расположени за давање поени на синоќешните НБА натпревари, па така само Кливленд не ја надмина бројката од 100 постигнати поени во дуелот со Торонто. Останатите екипи на деветте натпревари постигнаа 100 и повеќе поени.

Најефикасно беше на средбата Вашингтон – Минесота, кој заврши со 142-127 за домашниот тим.

Уште една одлична партија на Никола Јокиќ кој што беше најефикасен на средбата и го предводеше Денвер до победа над Хјустон 129-113. Му недостасуваа само две асистенции за трипл-дабл. Во рамноправен дуел, Денвер успеа на крајот да победи, и покрај одличниот влез на гостите во мечот. Предводени од Јокиќ, сепак, успеваат да ја стигнат разликата и да поведат, на крај одржувајќи ја разликата до конечна победа. Јокиќ за 28 минути на паркетот постигна 32 поени и 12 скокови, а имаше и осум асистенции. Веднаш зад Србинот со еден поен помалку беше втората ѕведа на тимот, Џемал Мареј кој полека се враќа во форма по ланското отсуство.

На синоќешните мечеви, со ефикасноста се истакна Кевин Дурент кој постигна 45 поени во славјето на Бруклин над Орландо. Позингис во дуелот со Минесота уфрли 41 поен за рекорд на кариерата, и му помогна на Вашингтон да дојде до триумф над Минесота, и да ја прекине серијата од три порази.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Атланта 104:101
Вашингтон – Минесота 142:127
Бостон – Шарлот 140:105
Бруклин – Орландо 109:102
Торонто – Кливленд 100:88
Њу Орлеанс – Оклахома 105:101
Денвер – Хјустон 129:113
Јута – Чикаго 107:114
Сакременто – Феникс 117:122
ЛА Лејкерс – Индиjана 115:116

Треба да знаете
Последни објави