Search

ФИФА ќе ја казни Хрватска поради навредите кон Борјан (ФОТО)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) почна дисциплинска постапка против Хрватска, поради однесувањето на нејзините навивачи на неодамнешниот меч против Канада (4-1) на Мундијалот во Катар, објави агенцијата „АП“.

Фановите на „коцкестите“ за време на целиот натпревар го навредуваа противничкиот голман, Милан Борјан, кој има српско потекло и кој во минатото давал непримерни изјави поврзани со граѓанската војна во Хрватска. Главна причина за казната која Хрватите сигурно ќе ја добијат се навредливитер скандирања и пред се транспарентот со навредлива содржина кој беше виден на трибините.

Борјан по средбата се пожали дека добил многу пораки од бесни хрватски навивачи, кои помеѓу себе си го споделувале неговиот телефонски број. Главна причина за тоа се неговите потенцирања дека не е роден во Хрватска туку во српска Далмација.

Треба да знаете
Последни објави