Search

Си-ен-ен: Иранските власти испраќаат илјадници лажни навивачи на натпреварот со САД

Иранските власти испратија лажни навивачи на мечот со Велс, а на натпреварот со САД ќе ги има илјадници. За ова пишува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на извори од теренот.

-За последниот натпревар против Велс, режимот испрати преку стотина лажни навивачи за да создаде лажно чувство на поддршка и наклонетост кај навивачите. Пред да игра со САД, режимот планира значително да го зголеми бројот на овие актери. Ќе ги има илјадници, стои во написот на Си-ен-ен.

Исто така, беше објавено дека иранските репрезентативци биле повикани во Исламската револуционерна гарда откако одбиле да ја пеат националната химна.

-На репрезентацијата и беа ветени подароци и автомобили пред натпреварот со Англија, но подоцна властите се свртеа кон закани. Тие напишаа и дека семејствата на играчите добиваат закани. Револуционерната гарда се грижи играчите да не се сретнат со странци.

Репрезентацијата на Иран денеска ќе игра со САД во натпреварот од последното коло од групната фаза на Светското првенство во 2022 година. Почетокот е во 20 часот.

Треба да знаете
Последни објави