Search

Гвардиола: Би се вратил во Барселона ако почувствувам дека е неопходно

Пеп Гвардиола не ја отфрли можноста за враќање во Барселона.

– Ништо не се споредува со Барселона. Ако почувствував дека сум потребен таму, ќе се вратам, но засега нема потреба. По моето заминување, тимот продолжува да победува. Ако ни е судено да се сретнеме повторно, тоа ќе се случи, но нема да форсираме ништо, изјави тренерот кој неодамна го продолжи договорот со Манчестер сити до 2025 година.

Гвардиола беше тренер на Барселона од 2008 до 2012 година. Во овој период, клубот освои 14 трофеи, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампионите двапати и освојувањето на Ла Лига три пати. 

Треба да знаете
Последни објави