Search

Аргентинецот изненади: Ако не можеме ние, Бразил нека биде светски првак

Аргентина се опорави од шокот на стартот и поразот од Саудиска Арабија, победувајќи го Мексико со 2:0, но со тоа само остана во игра за осминафиналето.

На затворањето на групата на хартија ја чека најтешкиот ривал – Полска со Роберт Левандовски, која во последните 90 минути влегува со четири бода и доволно ѝ е нерешено да помине.

Бод би можел да и биде доволен на Аргентина доколку нема победник во дуелот Саудиска Арабија и Мексико или ако победи Мексико, но не повеќе од 3:0.

Пред утрешниот натпревар Скалони најави дека фудбалерот на Јувентус, Леонардо Паредес ќе остане на клупата, а на негово место ќе биде Фернандез, стрелец на гол против Мексико, кој влезе како резерва на тој меч.

Можно е во тимот конечно да се појави и Дибала, бидејќи на тренинзите се уигрувале тактички решенија според кој младиот фудбалерна Рома би можел да игра заедно со Меси.

Скалони се надева дека неговиот тим ќе продолжи до крај, но ако тоа не биде случај има свој фаворит.

„Ако Аргентина не може, нека биде Бразил. Јас сум Јужноамериканец, љубител сум на јужноамериканскиот фудбал. Секој што мисли поинаку не е во право. Ако Аргентина не стане шампион, нека биде Бразил, кажа Скалони.

Треба да знаете
Последни објави