Search

Навивач го развеа ЛГБТ знамето среде терен и испрати три пораки (ВИДЕО)

Значаен дел од ова Светско првенство се и дебатите за човековите права, во преден план е ЛГБТ заедницата која негодува на забраните на организаторот во нивната земја да се вее знамето со боите на виножитото.

Но, на мечот меѓу Португалија и Уругвај се случи скандал, навивач го развеа ЛГБТ знамето и трчаше со него по теренот, го остави кај иранскиот судија, а потоа беше соборен од обезбедувањето. Многу храбар потег ако се знае во каква земја го направи тоа.
Дечкото облечен во супермен маичка покрај ЛГБТ правата испрати уште две пораки, од едната страна му пишуваше „Спасете ја Украина“, а од другата поддршка за иранската жена.
Треба да знаете
Последни објави