Search

Македонија со три тима на Светското Првенство во Еспорт Бали 2022

Македонската еспорт репрезентација ќе учествува со три тима на Светското Првенство во Еспорт Бали 2022.

Индонезија, земјата на боговите, ќе биде домот на претстојниот Светски шампионат во Еспорт, кој се одржува од 1 до 12 декември. На првенството ќе се натпреваруваат повеќе од 600 играчи од 106 земји. Македонсата еспорт репрезентација ќе се натпреварува во три дисциплини: Dota 2, eFootball и CS:GO.

Развојот на Еспортот во 2022 година го доживува својот врв. На овој масовен настан, македонските репрезентативци учествуваат редовно уште од самиот негов почеток и остваруваат солидни резултати, меѓу кои и двократни европски и актуелни светски прваци во CS:GO.

Македонската Еспорт федерација преку организирање на официјалната еспорт лига и турнири во текот на годината, константно, е активна и вложува во развој на еспорт тимови и атлети.

Првенството ќе биде пренесувано на twitch каналот на Македонската Еспорт Федерација (https://www.twitch.tv/mesf_tv) каде сите љубители на Еспортот и поддржувачи на македонските репрезентации ќе можат да ги следат дуелите и директно да ја изразат својата поддршка.

Резултатите ќе бидат објавувани на официјалната страна за следење на резултати од првенството https://wec.iesf.org/

Следете ги нашите репрезентативци и се надеваме на втора светска титула! GLHF!

Треба да знаете
Последни објави