Search

(Видео) Руд за прв пат го победи Надал, сервираше ас со брзина од 240 км/ч 

Каспер Руд го победи Рафаел Надал во егзибициски меч во Кито, Еквадор со 6:4 и 6:4. Ова е прва победа на Руд над Шпанецот во неговата професионална кариера.

Во текот на мечот Норвежанецот изведе сервис со брзина од 240 км/ч.

Претходно, во рамките на турнејата во Латинска Америка, Надал ги победи Руд во Буенос Аирес (7:6(8), 6:2) и Бело Хоризонте (7:6(4), 7:5).

Во Сантијаго 22-кратниот Грен слем шампион го совлада Чилеанецот Алехандро Табило со 7:6(6), 6:3.

Следна дестинација на Надал и Руд ќе бидат Богота (Колумбија) и Мексико Сити.

Треба да знаете
Последни објави