Search

Скопјанец киропрактичар прави чуда во Виена- проодува луѓе врзани за кревет

Скопјанецот Ернест Дамјановски е еден од најпознатите Македонци во Виена, каде веќе една деценија им помага на луѓето кои имаат најразлични проблеми со болки во рацете и нозете, болки во `рбетниот столб, најразлични типови на главоболка и проблеми со нервите.

Негови пациенти не се само Македонци, Ернест е познат и кај иселениците од поранешна Југославија кои кај него бараат лек за својата мака, а редовни муштерии му се и Австријците кои доаѓаат кај него на третмани. Освен од Виена кај него доаѓаат и луѓе од другите делови на Австрија, но и Германија.

-Пациенти имам и од Америка, Канада, Австралија. Доаѓаат во Виена, седат 15 дена и се лекуваат кај мене, вели Ернест.

Токму во Германија, каде што Ернест живеел почнал да се занимава со киропрактика. За кусо време се покажало дека вештите раце и прсти извежбани од играњето одбојка во тинејџерските денови во Карпош уште подобро се снаоѓат со нервите по `рбетниот столб.

-Се занимавам со мануелна тибетска медицина- местење на нервите по `рбетниот столб како и киропрактика. Инаку, научив киропрактика во Гелзенкирхен додека живеев во Германија. Ова ми дава дополнителна сила и сигурност кога лекувам пациенти. Сум имал голем број пациенти кои имале проблеми за кои конвенционалната медицина нема решение освен операција. Самата операција носи големи ризици и знаеме колку е успешна. Меѓутоа, кога ќе ме најдат пациентите, знаат дека ги чека нехируршко решение. Ова го работам со години. Моите пациенти се задоволни и имам голем процент на успешност во решавање на нивните проблеми. Местењето на нервите и киропрактиката ја работам додека пациентите се легнати на под, без никакви кревети, вели Ернест.

Негови пациенти се и познати личности, меѓу кои и политичари од просторите на поранешна Југославија, па Ернест е секогаш драго виден гостин во Босна, Србија, Војводина…

-Ќе издвојам неколку случаеви кои што сметам дека се интересни за раскажување, моменти кој лично мене ме направија многу среќен.Жена стара 40 години, со потекло од Грција, 20 години врзана за кревет. Се јави да отидам кај неа и да направам преглед и да видам дали некако можам да и помогнам. Кога отидов кај неа таа и со двете нозе беше неподвижна. Правевме секојдневни третмани во текот на 30 дена. Резултатот беше следен:
Жената стана и почна да оди, но мораше да користи помагала. Проблемот кај неа не беше до кичмата или било кој нерв во нозете, таа имаше проблем со центарот на рамнотежа. Таа пациентка досега ми беше најтешкиот пациент, вели Ернест.

Валтер Винтер, Германец од Виена, на 60 години имал проблем со рамото и раката. Човекот посетил непознат број експерти и специјалисти во ортопедските болници во Виена, испил еден тон лекови и ништо не му помогнало. После 4 третмани кај Ернест проблемот бил решен.

 

Неговите пациенти на Јутјуб каналот на Ернест отворено зборуваат за своите проблеми, а воедно и за тоа како Ернест им помогнал да се справат со нив, нешто на што е особено горд и среќен.

 

Треба да знаете
Последни објави