Search

Руси од Сибир допатуваа во Катар за да ја бодрат Србија

Група Руси од Сибир допатуваа во Катар за да навиваат за репрезентацијата на Србија на вечерашниот натпревар од 1. Коло во групата Г на Светското првенство против Бразил.

Српските медиуми пренесуваат дека руските навивачи биле забележани во градското метро, носејќи качкети со српски обележја.

Дуелот меѓу Србија и петкратниот светски првак е на програмата вечерва од 20 часот на стадионот „Иконик” во вториот по големина катарски град Лусаил.

Претходно денеска во рамки на истата групата, Швајцарија го совлада Камерун со 1-0.

Треба да знаете
Последни објави