Search

Португалија ја совлада незгодната Гана, Роналдо за историја со гол од непостоечки пенал

Португалија со тежок триумф од 3-2 против Гана го почна Мундијалот во Катар, а Кристијано Роналдо веднаш испиша историја и стана единствен фудбалер кој постигнал гол на пет Мундијали.

Избраниците на Сантош тргнаа фуриозно во натпреварот и доминираа во првото полувреме, но Гана успешно се бранеше од нападите на Португалија, која сепак до водство стигна дури во 65. минута од пенал преку Роналдо.

На натпреварот помеѓу Португалија и Гана видовме пример за целосно погрешна судиска одлука. Имено, според судечката фела, целосно погрешно беше досуден пенал за Португалија.

Отсуствуваа и задолжителната ВАР интервенција и повикот до судијата да го прегледа видеото и да ја смени одлуката. Неприфатливо е ВАР да не реагира, иако имаше контакт меѓу двајца играчи. Сепак, немаше прекршок.

Радоста на Португалија траеше само осум минути бидејќи една лоша реакција на одбраната беше казнета од Ају кој стрелаше за 1-1.

Португалија набрзо постигна уште два гола, и тоа најпрво преку Жоао Феликс, а потоа и Рафаел Леао за водство од 3-1 во 80. минута, но во финишот на регуларните 90 минути Букари погоди за 2-3 и ја врати неизвесноста, меѓутоа резултатот не се менуваше.

Но златна шанса за 3:3 не искористи Ињаки Вилијамс во 100-та минута. Напаѓачот на Атлетико Мадрид беше доволно лукав и успеа да го измами голманот Диего Кошта такашто се „сокри“ зад него, но потоа се лизна во клучен момент и не успеа да израмни на 3:3.

Португалците се први во групата Х со три бодови, по што следат Уругвај и Јужна Кореја со по еден бод, а Гана е последна без бодови.

Португалецот стрелаше во натпреварот против Гана забележувајќи погодок и во петтиот настап на Мундијалите запишувајќи се како единствен кому му успеало истото.

Низата трае уште од 2006 година кога Роналдо во Германија стрелаше против Иран, а продолжи во 2010 година против Северна Кореја, во 2014 година против Гана, во 2018 година против Шпанија и денеска повторно против африканската држава.

Треба да знаете
Последни објави