Search

Бразилците стравуваат, Нејмар се повреди

Во првиот натпревар на Светското првенство, Бразил ја победи Србија со 2:0 по головите на Ричарлисон во 63. и 73. минута од натпреварот, но победата во голема мера остана во сенка на повредата на Нејмар.
Ѕвездата на Бразил излезе во вториот дел, откако побара да биде заменет, а набрзо беше фатен од камерите како плаче на клупата за резерви.

Од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи набргу откако бразилскиот фудбалер го напушти теренот, јасно е дека Нејмар бил жртва на груб старт на еден од играчите на Србија во текот на натпреварот и очигледно му бил повреден скочниот зглоб.

Дека нешто не е во ред со Нејмар доказ е тоа што не се појави на теренот, меѓу играчите кои ја славеа победата и дека е извесно дека повредениот Бразилец веќе отишол во соблекувалната.

Во следните неколку часа треба да бидат објавени деталите за повредата, а бидејќи Нејмар е најдобриот играч на неговата репрезентација, веста многу ќе влијае на севкупниот настап на Бразил на овој турнир. Бразилските медиуми пишуваат дека Нејмар веднаш ќе го скенира скочниот зглоб, а резултатите ќе бидат достапни во текот на ноќта.

Треба да знаете
Последни објави