Search

Евролига: Барселона сигурна против Партизан, Звезда славеше во Берлин

Екипата на Барселона вечерва славеше дома против Партизан со 79:68 во рамките од деветтото коло.

Првата четвртина донесе изедначена игра, Барселона се обидуваше да направи повисока разлика, но не успеваше. Клучната разлика Каталонците ја направија во втората четвртина во која Партизан постигна само 11 поени. Најефикасни во редовите на Барселона беа Лапровитола со 13 и Саторански 11 поени, додека кај српскиот тм Анџушиќ се истакна со 21 поен.

Црвена Звезда во драматичен натпревар славеше против Алба Берлин со 84:88. Резултатот по 40 минути игра беше 75:75, а во дополнителните пет мнути подобро се снајдоа гостте. Видоца ја предводеше Звезда со 21 поен, додека кај поразениот состав Смит уфрли 23 поени.

Евролига резултати:

Барселона – Партизан 79-68

Алба Берлин – Црвена Звезда 84-88

Монако – Фенербахче 93-96

Макаби – Олимпијакос 90-84

Милано – Анадолу Ефес 51-80

Валенсија – Реал Мадрид 73-80

Треба да знаете
Последни објави