Search

(Видео) Кари и Томпсон добија одмор, шампионот Голден стејт доживеа дебакл

Актуелниот шампион во најсилната кошаркарска лига на светото – НБА, Голден Стејт доживеа срамен пораз од 45 поени разлика на гостувањето кај Њу Орлеанс (128:83). Во ова срамно издание Голден стејт играше без Стеф Кари и Клеј Томпсон, откако тренерот Стив Кер одлучи да им даде одмор на своите најдобри играчи, Кари и Томпсон. Носителите на играта кај шампионот Голден стејт одиграа импресивен меч против Хјустон, па затоа добија одмор, а на гостувањето кај Њу Орленас не играше ниту Грин.

Без своите главни ѕвезди шампионот Голден стејт не беше достоен ривал. Најефикасен  кај Голден стејт беше Пул со 26 поени, а во редовите на победничкиот состав Инграм постигна 34 поени.

Милвоки предводен од Јанис Антетокумпо го совлада Портланд со 119:111. Грчкиот репрезентативец постигна 37 поени. Кај Портланд, Симонс постигна 29 поени.

Резултати: Кливленд – Атланта 114:102, Индијана – Орландо 123:102,  Чикаго – Бостон 121:107,  Милвоки – Портланд 119:111,  Минесота – Мајами 105:101,  Њу Орлеанс – Голден стејт 128:83, Оклахома – Њујорк 119:129,  ЛА Клиперс – Јута 121:114.

Треба да знаете
Последни објави