Search

Австралија само го налути светскиот шампион, Жиру испиша историја (Видео)

Фудбалерите на Франција со убедлива победа ја почнаа одбраната на светската круна на Мундијалот во Катар, откако вечерва со пресврт, но и без поголеми проблеми ја совладаа Австралија со 4-1.

„Кенгурите“ прво постигнаа гол уште во деветтата минута преку Гудвин, со што само го налутија противникот, кој со два неколку минути фуриозни напади реализира по двапати и дојде до убедлив триумф. Рабио во 27. минута изедначи по одличен центаршут, а на Жиру пет минути подоцна го постигна својот прв гол. Килијан Мбапе многу посакуваше да се запише во листата стрелци, што му успеа во 68. минута исто со глава, за три минути подоцна да му асистира на Жиру за неговиот втор погодок на речиси идентичен начин. Напаѓачот на Милан со ова дојде до бројката од 51 гол во дресот на „триколорите“ со што се изедначи на вечната листа стрелци со легендарниот Тјери Анри. Сите голови погледнете ги ТУКА.

Со овој триумф, „петлите“ се најдоа на првото место во групата, во која се уште и Данска и Тунис, кои претходно одиграа нерешено (0-0).

Треба да знаете
Последни објави