Search

Сензација на ЕП: Црна Гора преку олимпискиот шампион до бронза!

Ракометната репрезентација на Црна Гора приреди сензација во последниот ден од Европското првенство и со голема борба го сруши актуелниот олимписки шампион со 27:25 за бронза на Европското првенство.

Во првата пресметка која овие две селекции ја одиграа во групната фаза во Скопје Франција забележа убедлива победа, но денес Црногорките покажаа голема желба да дојдат до победата.

Победата на Црна Гора е од посебно значење за Јованка Радичевиќ која на фантастичен начин ја завршува репрезентативната кариера. На теренот се играше израмнето од почетокот до самиот крај. Двете селекции правеа по кратки серии, но не успеваа да направат некоја посериозна предност.

На пауза се замина со еден гол предност за Црна Гора. Тој еден гол предност Црна Гора го имаше во најголем дел од второто полувреме. Иако, имаа голема шанса да стигнат до победата и во регуларните 60 минути, Французинките се изборија за продолженија каде што сепак Црна Гора дојде до победата.

Јованка Радичевиќ одигра одличен натпревар во кој постигна шест гола колку што имаше и Јауковиќ. Минко со четири гола беше најефикасната кај Франција.

Треба да знаете
Последни објави