Search

Бајден до американскиот тим пред СП: Знам дека сте аутсајдери, но тимот има некои од најдобрите фудбалери во светот, па да ги изненадиме сите

Претседателот на САД, Џо Бајден одржа мотивациски говор пред фудбалската репрезентација пред почетокот на Светското првенство во 2022 година.

-Момци, знам дека сте аутсајдери. Ќе ви кажам што, имате некои од најдобрите играчи во светот, ја претставувате оваа земја и знам дека ќе играте со цело срце, па да ги изненадиме сите. Продолжете да верувате еден на друг, играјте колку што можете и знајте дека вашите семејства, вашите другари и целата земја стојат покрај вас, рече Џо Бајден.

Тимот на САД во групната фаза на Светското првенство ќе игра со селекциите на Англија, Иран и Велс.

Американците својот прв дуел на Мундијалот во Катар ќе го имаат утревечер од 20 часот против селекцијата на Велс. 

Треба да знаете
Последни објави