Search

Антирекордот на Мундијалите по бројот на удари кон голот

Репрезентацијата на Еквадор ја совлада селекцијата на Катар со резултат 2:0 во воведниот натпревар на Светското првенство. На овој меч беа зададени само 10 удари кон двата гола, по пет на двете страни, ова е антирекордот на Мундијалите.

Катар стана првата земја-домаќин на Светското првенство што загубила во воведниот натпревар на турнирот.

Репрезентацијата на Еквадор го презеде водството во поредокот од групата А, освојувајќи три бода. Селекцијата на Катар нема ниту еден бод.

Селекциите на Холандија и Сенегал својот натпревар ќе го одржат утре од 17 часот за комплетирање на 1. коло во А-групата. 

Треба да знаете
Последни објави