Search

Милевски верува во добар тест и позитивен резултат

Азербејџан ќе биде новиот спаринг партнер за македонската фудбалска репрезентација по вчерашната контрола со Финска (1:1). Средбата ќе се одигра утре на Националната Арена „Тодор Проески“ (14 часот). Ова ќе биде последен тест за избраниците на македонскиот селектор Благоја Милевски пред стартот на матровскиот евроквалификациски циклус за ЕП 2024.

Азербејџан доаѓа во Скопје со серија од четири победи по ред против Молдавија, Казахстан, Словачка и Белорусија. Ваквиот победнички поход на Азербејџан ќе биде голем предизвик за македонската репрезентација во чии редови  дополнително ќе отсуствуваат Бојан Миовски и Езџјан Алиоски. Македонија веќе три меча е  без победа.

-Желбата беше до почеток на евроквалификациите низ овие мечеви да се согледаат сите слабости во играта и да се искреира тимот кој ќе го понесе товарот во следниот циклус. Затоа избравме силни противници, за да увидиме сè и максимално да се подготвиме за сите можни варијанти за квалификациите. Финска беше одличен тест од вториот барабан, Азербејџан е одличен колектив кој ќе ни овозможи исто така квалитетен тест. Ќе има промени во составот во однос на тој со Финска, имаме добра анализа за противникот и сите веруваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат на утрешниот меч, рече селекторот Благоја Милевски пред пресметката со Азербејџан.

Треба да знаете
Последни објави