Шест судијки во судискиот колектив за претстојното Светско првенство во фудбал

Шест фудбалски судијки за прв пат во историјата ќе бидат дел од судискиот колектив за претстојното Светско првенство 2022 во Катар.

Помеѓу 36-те главни судии се избрани Стефани Фрапарт од Франција, Јамашита Јошими од Јапонија и Салима Мукансанга од Руандa.

Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит се помеѓу 69-те асистенти.

Годинешното Светско првенство во фудбал започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.

Треба да знаете
Последни објави