Однесувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед оваа сезона е неприфатливо, вели неговиот поранешен соиграч Вејн Руни, оценувајќи дека Португалецот направил „несакани пречки“ во тимот.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ се надеваше дека ќе го примора тимот да го продаде во текот на летото, но на крајот 37-годишниот ветеран остана на „Олд Трафорд“, каде што неколку пати се најде на насловните страници откако поголемиот дел од сезоната ја помина на клупата, а исто така беше казнет откако одби да влезе во игра на мечот со Тотенхем. Во 16 настапи, тој има постигнато само 3 гола.
„Кариерата кој тој ја имаше, таква имаат само тој и Лео Меси како двајца најдобри на сите времиња, но работите кои ги направи од почетокот на сезоната во Манчестер јунајтед не се прифатливи. Гледам дека Рој Кин го брани на ТВ, но Рој немаше да го трпи то во соблекувалната. Тоа е пречка за Јунајтед која е непотребна во моментов кога се обидуваат да го градат тимот и Кристијано требаше да ја држи главата долу и да биде подготвен кога ќе му е потребен на менаџерот. Ако го направи тоа, ќе вреди за тимот, ако не, ќе биде несакана пречка“, вели Руни.