Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди го постигна својот третиот гол во дресот на актуелниот турски првак Трабзонспор, но неговата екипа во 14. коло од првенството не победи на гостувањето во Анкара, кај Анкарагучу (1:1).
Барди во листата на стрелците се запиша во 70. минута. Радоста на Трабзонспор траеше кусо, бидејќи само четири минути подоцна Анкарагучу израмни на 1:1 од пенал.
Трабзонспор е на шесттото место со 23 бода, има шест бода помалку од лидерот Фенербахче, за кој игра македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.
⚽️ 70′ Enis Bardhi
Ankaragücü 0-1 TrabzonsporAnlık goller ve canlı yayınlar için: @goalforza_ pic.twitter.com/VvyoUjG07O
— Anlık Goller (@anlikgoller_12) November 11, 2022