Клупските челници на Манчестер јунајтед наводно сакаат да обезбедат мир и да ја засилат позицијата на менаџерот Ерик тен Хаг, па Роналдо во јануари би требало да го напушти „Олд Трафорд“.
-Тренерите сакаат да ја зајакнат тренерската позиција, а потрагата по алтернативата на Португалецот е веќе во тек. Враќањето во Спортинг Лисабон е опција за Роналдо, објави новинарот Флоријан Плетенберг на Твитер и додаде: „Внатре во клубот се очекува Роналдо да си замине.
Управата на Манчестер Јунајтед очигледно реши цврсто да застане зад тренерот Тен Хаг и да го зајакне неговиот авторитет, а заминувањето на Роналдо дефинитивно би ја засилило позицијата на Холанѓанецот.
И напаѓачот на Баерн, Ерик Чупо-Мотинг, најгласно се споменува како ново засилување за Манчестер Јунајтед во случај Роналдо навистина да замине. Се шпекулираше дека „црвените ѓаволи“ би можеле да посегнат по Душан Влаховиќ или Бенјамин Шешко, но таа опција изгледа поверојатна дури на лето.
X News #Ronaldo: Within the club they expect him to leave #MUFC in winter. Bosses want to strengthen Ten Hag & want to ensure tranquillity. The search for successors is already underway (Choupo-Moting and others). A return to #SportingCP should be an option. @SkySportDE ????????
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) November 8, 2022