Савевски: Романија не е на исто рамниште со Франција и Холандија, но е фаворит против Македонија

Македонската женска ракометна репрезентација на 15. Европското првенство, во групата Ц која се игра во Скопје претрпе два убедливи порази од фаворизираните селекции на Франција и Холандија. И преостанува уште еден меч од групата, утре (18 ч.) против Романија.

На овој дуел македонските ракометарки гледаат последна шанса за евентуален триумф и продолжена анстап на ЕП. За тоа да се случи Македонија мора да ја совлада Романија, која истотака е со два порази по двете кола.

-Нашата селекција составена од млади ракометарки. Во некои сегменти бевме добри и се држевме добро, среќен сум за играта против Франција. Со Холандија имавме 28 изгубени топки и така не можете да очекувате повеќе. Романија не е на нивото со Холандија и Франција, сепак против нас ќе бидат големи фаворити. Не смееме да дозволиме брзо да се „одлепат“ бидејќи за млада екипа како нашата е тешко да се врати после брза негатива, изјави македонските селектор Љубомир Савевски, во пресрет на утрешниот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави