Вчеравечер, по трет пат, во рамки на „Младинското кино на ЕУ: Зелен договор“ се организираше филмска проекција за учениците од Град Скопје на тема „Клима и енергетика”. На настанот присуствуваа околу 100 ученици од средните училишта во Скопје, а по филмовите се дискутираше за климатските промени и енергетиката како главен емитер на стакленички гасови.