Даниел Крег со ќерката Ела на премиерата на „Нож во грб 2“ во Лондон

Даниел Крег ја донесе својата 30-годишна ќерка Ела Лудон на европската премиера на филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery.

Многу очекуваниот филм на „Нетфликс“ беше прикажан на завршната гала вечер на Филмскиот фестивал во Лондон.

Ела пристигна во црн деколтиран фустан, кој го искомбинира со големи обетки. Нејзиниот татко, кој во филмот го портретира детективот Беноа, носи темносин мостум, бела кошула и пеперутка-машна.

Ела ретко се појавува во јавност, и малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Таа е најстарото дете на 54-годишниот Џејмс Бонд од неговиот прв брак со Фиона Лудон. Двојката се разведе во 1994 година. Крег има и четиригодишна ќерка со неговата сегашна сопруга Рејчел Вајс.

Крег (54) ја репризира улогата на итриот детектив Беноа Блан за продолжението, во кое неговиот лик патува во Грција за да разреши нова мистерија со шарени осомничени.

Треба да знаете
Последни објави