Кралицата на нова монета по повод стогодишнината на Би-би-си

Кралскатата ковачница претстави комомеморативна монета од 50 пени по повод стогодишнината на „Би-би-си“.

Монетата – чија цена е 11 фунти – оддава почест на глобалниот досег на британскиот јавен сервис и прикажува јарбол за емитување кој излегува од Земјата.

Исто така, има слика на покојната кралица Елизабета наместо кралот Чарлс – чиј лик сега ќе ги краси сите нови монети.

Монетите биле направени пред да почине кралицата во септември и нема да се коваат нови за да се минимизира отпадот или непотребното влијание врз животната средина.

Приказот на кралицата на монетите се очекува да создаде голема побарувачка меѓу колекционерите, соопшти Кралската ковачница.

На задната страна на паричката е испишано и Информирај Едуцирај Забавувај – вредностите што ги постави лорд Рит кога го основаше Би-би-си во 1922 година.

Треба да знаете
Последни објави