Иако е љубител на накит, сопругата на кралот Чарлс Трети, Камила, никогаш во животот не сакала дупнување на уши и носи само обетки со клип, односно оние кои можат да се закачат на уво со штипка.
„Сигурно нема да си ги дупнам ушите, никој нема да ме присили да го направам тоа. Отсекогаш одбивав и ќе продолжам, сигурно нема да се премислам сега на 75 години“, изјави неодамна таа.
Според странските медиуми, Камила, наводно, верува дека овој чин го сквернави човечкото тело.
Сепак, принцезата Кејт и Меган Маркл, па дури и покојната кралица Елизабета, имаа дупнати уши и беа познати како големи љубителки на класичните обетки.
Кралското семејство стана синоним за екстравагантни и раскошни модни додатоци, а тоа се дијадеми, чокери, брошеви, белезици и обетки. Ретко се случува кралските жени да излезат надвор без прекрасен накит на себе.