Search

Халанд е робот, исфрлете го од Премиер- бараат дел од англиските навивачи

Исфрлете го Ерлинг Халанд од Премиер лигата, тој е робот! Така се вика петицијата која ја покренаа навивачите во Велика Британија и бараат на норвешкиот напаѓач да му биде забрането да продолжи да игра за Манчестер сити во една од најсилните лиги во светот.

Интересно петицијата ја потпишале над 400.000 луѓе и тој број сигурно ќе продолжи да расте во наредните денови.

Со оглед на моментот кога беше покрената петицијата, се сомнева дека тоа го направиле симпатизерите на Манчестер јунајтед, бидејќи Норвежанецот неодамна постигна три гола во градското дерби во убедливата победа на тимот на Пеп Гвардиола (6:3). Иако, не е исклучено тоа да го направил и навивач на некој од другите тимови, бидејќи Халанд постигна 19 гола на 12 натпревари во сите натпреварувања, од кои 14 во Премиер лигата и пет во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави