Search

Анчелоти го израмни рекордот на Фергусон во Лигата на шампионите

Реал го победи Шахтјор со 2:1 синоќа во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

За главниот тренер на мадриѓаните Карло Анчелоти ова е 102. победа во елитото фудбалско натпреварување. Во оваа статистичка категорија , Италијанецот се израмни со поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

Анчелоти постигна 102 победи на 182 натпревари. На Фергусон му беа потребни 190 натпревари за да го направи ова.

Реал Мадрид минатата сезона ја освои Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави