Search

Алиоски со Фенербахче го совладаа АЕК Ларнака на Тричко

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски ја прослави втората победа со својот Фенербахче во групната фаза од Лига Европа, овој пат против АЕК Ларнака, за кој неколку минути одигра и Иван Тричковски.Фенербахче славеш со 2:0, а победата ја најави Батшуаи во 26. минута. Конечниот резултат го постави Мамас со автогол, во второто полувреме. Алиоски го одигра целиот натпревар, а Тричковски беше резервист, па имаше шанса да влезе на терен во 80. минута.

Фенербахче со втората победа дојде до седум бода, колку што има и Рен. АЕК остана на три, а Динамо Киев на нула во групата  Б.

Дербито на вечерта се играше во Ц групата, во Рим, каде што Рома го пречека Бетис. Шпанскиот тим славеше со 2:1, со што ја продолжи победничката серија и стана само четвртата екипа во групнава фаза од Лига Европа, која има три од три. Другите се Фрајбург, Реал Сосиеедад и изненадувањето од Белгија, Ројал Јунион.

Вечерва на „Олимпико“, во отсуство на Пелегрини и Спинацола, Рома сепак го отвори резултатот, со гол од пенал на Дибала, во 34. минута. Сепак, Бетис ја врати резултатската рамнотежа до крајот на првиот дел, преку Родригес.

Рома имаше шанси во второто полувреме да го реши натпреаврот, но не успеа да ги реализира, а казната стигна преку Луис Енрике во 88. минута. Бетис со девет бода ја предводи групата Ц, Лудогорец има четири, Рома три, а Хелсинки нула.

Резултати

ГРУПА А

Арсенал – Боде/Глимт 3:0, Цирих – ПСВ 1:5

ГРУПА Б

Фенербахче – АЕК Ларнака 2:0, Рен – Динамо Киев 2:1

ГРУПА Ц

Рома – Бетис 1:2, Хелсинки – Лудогорец 1:1

ГРУПА Д

Брага – Ројал Унион 1:2, Малме – Унион Берлин 0:1

ГРУПА Е

Шериф – Реал Сосиедад 0:2, Омонија – Манчестер јунајтед 2:3

ГРУПА Ф

Митјиланд – Фејнорд 2:2, Штурм – Лацио 0:0

ГРУПА Г

Фрајбург – Нант 2:0, Олимпијакос – Карабах 0:3

ГРУПА Х

Ц. звезда – Ференцварош 4:0, Монако – Трабзонспор 3:1

Треба да знаете
Последни објави