Search

Париз, Марсеј и уште четири француски градови ќе го бојкотираат СП во Катар

Шест француски градови најавија бојкот на Светското првенство во 2022 година во Катар, пренесува „Ge.globo”, повикувајќи се на Градскиот совет на Париз.

Според спортскиот портал, Париз, Марсеј, Лил, Стразбур, Ремс и Бордо нема да организираат натпревари во живо и други настани за фудбалскиот Мундијал.

Оваа одлука е протест на градските лидери против Катар како земја домаќин на Светското првенство во 2022 година.

Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември. Франција е во Д-групата заедно со Австралија, Данска и Тунис. 

Треба да знаете
Последни објави