Search

Наполи му даде шест гола на Ајакс во Амстердам, Интер подобар од Барса

Наполи стигна и до третиот триумф во групната фаза во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа составот на Ајакс и тоа во Амстердам со убедливи 1-6. Со тоа Ајакс си го загрози местото во плеј-офот, со оглед дека го запиша и вториот пораз по ред.

Иако Ајакс водеше со 1-0 со голот на Кудус уште во 9. минута, следуваше пресврт на „наполитанците“ до крајот на полувремето и водство од 1-3. Распадори најпрво израмни во 18. минута, а потоа Ди Лоренцо донесе водство во 33 минута. Пред крајот на полувремето погоди и Зелински.

Само што почна вториот дел, Распадори донесе 1-4, а одличниот Кварацхелија постигна и петти гол. Дефинитивно судбината на Ајакс ја запачети црвениот картон на Тадиќ во 73. минута, а потоа и шести гол во мрежата на Ајакс преку Симеоне. Елмас влезе во 64. минута на местото на Кварацхелија.

Интер благодарение на голот на Чалханоглу во финишот од првиот дел, ја совлада Барселона, и направи голем чекор кон второто место на табелата. Барса во вториот дел постигна гол, кој беше поништен поради игра со рака. Со овој триумф, за момент Симоне Инзаги го спаси своето место.

Во финишот од средбата спорен момент и игра со рака во шеснесетникот на Интер, но судијата не досуди пенал за Барселона кои ќе бидат бесни на делењето на правдата на Славко Винчиќ од Словенија.

Атлетико Мадрид доживеа шокантен пораз од Бриж со 2-0. Совах во 36. минута донесе водство, а Јутгла во 62. минута зголеми на 2-0. Гризман промаши пенал во вториот дел, а потоа погоди, но голот му беше поништен поради офсајд.

Интересен натпревар на „Драгао“ во Порто, каде домашниот тим го совлада Баер Леверкузен со 1-0. Во првиот дел поништен гол на Леверкузен, поништен гол на Порто, и во исто време пенал за Леверкузен, кој беше промашен од Шик. Во второто полувреме Заиду во 69. минута стрелаше за водство, а потоа Галено во 87. минута ја запечати судбината на Германците.

Ливерпул дојде до триумф над Ренџерс. Тимот на Јирген Клоп на крајот го доби мечот со 2-0. Тренд Александар-Арнолд од слободен удар донесе водство во 7. минута, а Салах во 53. минута од пенал згоелми на 2-0.

Немаше гол само на мечот Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем. Интересно, англискиот тим не упати ниту еден директен шут кон голот, додека Ајнтрахт имаше два.

Треба да знаете
Последни објави