Search

Младиот Алкараз елиминиран на турнирот во Астана од ветеранот Гофан

Прворангираниот тенисер на АТП-листата, Шпанецот Карлос Алкараз, го заврши настапот на турнирот во Астана (Казахстан) уште во првото коло. Алкараз беше елиминиран од ветеранот Давид Гофан (5-7, 3-6), кој во ждрепката влезе како „среќен губитник“ од квалификациите.

За Шпанецот ова беше прв настап по триумфот на „Ју-Ес опен“ и искачување на врвот од АТП-листата, на кој првпат загуби во два сета на последните 63 одиграни средби. Гофан во следното коло ќе ги одмери силите со Манарино, откако неочекувано доби шанса за учество по поразот во финалето од квалификациите против Лука Нарди (153. во светот).

 

Треба да знаете
Последни објави