Search

Чави: Не би го менувал Левандовски за ништо на светот

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Чави Ернандес, изјави оти полскиот напаѓач Роберт Левандовски е незаменлив во редовите на каталонскиот клуб. 

Не би го менувал Роберт за никого во светот. Искуството е пресудно. Тој е зрел, а неговиот начин на игра им помага на младите фудбалери, посочи Чави во изјава за шпанските медиуми. 

Левандовски дојде во Барселона во летниот преоден рок и на девет натпревари во сите конкуренции досега постигна 12 голови. 

(Левандовски) има освоено сè, но во Барселона дојде како скромен човек. Тоа што тука го работи е извонредно. Тој, на пример, работи за екипата и му помага на стручниот штаб. Навистина е извонреден фудбалер , додаде Чави. 

Треба да знаете
Последни објави