Search

Ринго Стар поради корона ги откажа концертите во Северна Америка

Поранешниот тапанар на Битлси – Ринго Стар ги откажа концертите во Северна Америка откако беше позитивен на тестот за Ковид-19, потврди денеска неговиот претставник за печат.

Вчера Ринго Стар (82) ги откажа настапите во Мичиген и Минесота во САД, а неговиот портпарол најави дека поради болест ќе бидат откажани и пет концерти во Канада.

Остатокот од турнејата зависи од закрепнувањето на Стар.

„Ринго се надева дека ќе продолжи (настапот во живо) што е можно поскоро и закрепнува дома. Како и секогаш, тој и неговиот бенд All Stars  им испраќаат на своите фанови желби за мир и љубов и се надеваат дека наскоро ќе ги видат на турнеја“, се вели во соопштението.

Битлси ги сочинуваа Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Ленон беше убиен во 1980 година, а Харисон почина во 2001 година.

Мекартни и Стар сè уште се музички активни.

Треба да знаете
Последни објави