Search

ЛШ: Проблеми со повреди на двете страни пред дербито Интер – Барселона

Интер и Барселона се соочуваат со големи проблеми со повредени играчи пред утрешното дерби во рамки на 3. коло во фудбалската Лига на шампиони.

Италијанскиот тим ќе биде без белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку и хрватскиот играч за врска Марсело Брозовиќ, а неизвесен е настапот на аргенскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.

Проблеми со повредени има и во спротивниот табор и според најавите од Шпанија тренерот Чави Ернандез нема да може да смета на услугите на петмина фудбалери.

Повредени се Мемфис Депај, Жул Кунде, Хектор Белерин и Роналд Араухо, а неизвесен во редовите на Барселона е и Френки де Јонг.

Во групата Ц води Баерн со шест бодови, Барселона и Интер имаат по три, а на дното на табелата е Викторија Плзен без бодови.

Треба да знаете
Последни објави