Search

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни

По критиките кои ги доживеа Кристијано Роналдо од португалските медиуми, но и од португалските навивачи по слабите перформанси во националниот дрес, неговата сестра Катја Авеиро ги обвини навивачите дека се „болни, бездушни и бескрајно неблагодарни“ инсистирајќи дека тој останува „најдобар играч на светот“.

Роналдо има катастрофален старт на сезоната 2022/23, откако за Манчестер јунајтед поголемиот дел го поминува на клупата, а во вторникот пропушти неколку шанси за Португалија да загуби со 0:1 од Шпанија за да пропушти пласман на завршницата на Лигата на нации. Авеиро се јави на Инстаграм.

„Тој го има своето семејство и тие кои го сакаат покрај него. Секогаш ќе бидат покрај него, без разлика на тоа што се случува. Но, во сегашно време, ништо не ме изненадува. Португалците плукаат на чинијата од која јадат, секогаш било така. Затоа, кога ќе дојде некој кој ќе го смени менталитетот, тоа ви пречи. Со тебе, секогш, кралу. Смирете се. Потребно е да се пружи рака на некој кој секогаш помагал на Португалија. Но, Португалците се болни, ситничави, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни. Ова е човек кој седи, кој е на колена, а нема кој да му подаде рака“, вели Авеиро.

Роналдо останува најдобар стрелец во историјата на Португалија со 117 гола и беше капитен на репрезентацијата која го освои Европското првенство во 2016 и ја освои првата титула од Лигата на нации во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави