Search

Српска ракометарка загина во сообаќајна несреќа

Во сообраќајна несреќа загина Марија Павловиќ (34), ракометарка на ЖРК Темерин, објави Ракометниот сојуз на Војводина на својата веб-страница.

Несреќата во која трагично настрада Марија се случи во петокот вечерта на автопатот во Белград, кога кај Грмовац се судрија два автомобили.

Според медиумите, несреќата се случила кога во „опелот“ што го управувала Марија, удрил „пасат“ управуван од дваесет и осумгодишен маж, на кој наводно алкотест му открил алкохол во крвта.

Во оваа несреќа е повредена триесет и едногодишната сопатничка на Марија.

Треба да знаете
Последни објави