Навистина, нема ниту еден доказ што би укажал дека обвинетиот Гзим Реџепи влијаел на наодите и мислењето на вештакот Владимир Грошиќ кој ги испитувал Северина Вучковиќ, Милан Поповиќ и нивното дете, изјави Кораљка Бумчи, претседателка на тричлениот судскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб на судењето на поранешен член на градското собрание и близок соработник на покојниот градоначалник Милан Бандиќ, пишува Јутарњи лист.
УСКОК во декември лани го обвини Реџепи дека тргува со влијание, поточно дека се обидува да влијае на вештакот Грошиќ, актуелен директор на Психијатриската болница „Св. Иван во процес на доделување старателство во процесот меѓу познатата пејачка и бизнисменот.
Во краткото образложение судијата се повика на исказот на сведокот Грошиќ кој наведува дека Реџепи од него не побарал ништо поврзано со вештачење, ниту му се заканувал, пишува Јутарњи лист.
Според обвинението, Реџепи во Загреб на крајот на август 2020 година со користење на овластувањата што несомнено ги ужива како член на градското собрание на Загреб и долгогодишен поранешен заменик-шеф на здравствената канцеларија во Загреб,како и дека е лице од доверба на тогашниот градоначалник на Град Загреб, се обидел да влијае на исходот од вештачењето во судска постапка пред Општинскиот граѓански суд во Загреб за промена на одлуката за родителска грижа и издршка.
Тогаш судот му го довери старателството на Поповиќ, па Северина го тужеше Реџепи.
Познатиот лекар специјлист и човек со организациски врски со дијаспората од Македонија, роден во тетовски Пирок по вторпат се соочи со истражните хрватски органи.
Првиот пат тоа беше поврзано со сомнежи за лажен исказ по ненадејната смрт на Бандиќ од масивен инфаркт, односно тој тврдел дека пиеле кафе кај заеднички пријател, додека пак во јавноста протекоа информации дека градоначалникот бил кај „блиска пријателка” и дека бил под дејство на кокаин.