Search

Миовски: Можеме до победа против Грузија во Тбилиси

Бојан Миовски ќе биде еден од главните адути на селекторот Благоја Милевски откако влезе во одлична голгетерска форма по трансферот во Абердин. Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги игра последните два натпревари од Лигата на нации, а Миовски пред патот за Тбилиси смета дека тимот поседува квалитет за победа против Грузија.

„Во последниот период Грузија напредува многу. Сите го знаеме тоа. Тие го покажаа својот квалитет во второто полувреме на дуелот во Скопје. Мислам дека доколку во првиот дел постигневме гол тој натпревар ќе беше многу поинаков. Ни недостигаат клучни фудбалери, но ние што сме тука ветуваме дека ќе го дадеме максимумот.

Знаеме каква атмосфера нè очекува. Грузија е во поповолна позиција и ѝ треба само бод за прво место. Затоа во нашите мисли е само победа. Добро го анализиравме противникот. Селекторот ни ги укажа слабите страни на противникот и тренираме како треба да нападнеме на дуелот во Тбилиси. Се надевам дека тоа што го тренираме, ќе го покажеме на самиот натпрева“, изјави Миовски.

Треба да знаете
Последни објави