Елизабета Втора во текот на своето владеење додели бројни медали од Кралскиот викторијански ред, а некои од нив добија и познати и славни личности.
Еден од музичарите кој ја доби титулата Сер е секако славниот битлс Пол Макартни. Мекартни ја доби честа во 1997 година, неколку децении по крајот на битлманијата. Во таа прилика изјави дека е горд што е Британец и дека поминал долг пат „од мала тераса во Ливерпул“, а титулата им ја посвети на своите колеги од бендот.
Следната година, таа го прогласи за витез Елтон Џон, долгогодишен пријател на принцезата Дијана. Титулата Џон ја доби за неговото музичко дело, но и за неговото добротворство. “Исклучително сум горд. Ја сакам мојата земја и мило ми е што ме препознаваат на овој начин”, изјави пејачот.
На почетокот на милениумот, кралицата ѝ ја додели титулата Дама на актерката Елизабет Тејлор, за нејзината уметничка работа, но и за нејзиниот придонес во истражувањето на СИДА-та.
Неколку години подоцна, во 2003 година, актерката Хелен Мирен исто така беше прогласена за дама. Таа призна дека на почетокот се двоумела околу прифаќањето на титулата бидејќи не сакала да биде „дел од естаблишментот“, но на крајот ја прифатила поради сеќавањето на нејзините родители. Мирен ја глуми Елизабета Втора во филмот „Кралицата“ од 2006 година. За оваа улога таа доби „Оскар“.
Еден од познатите кој кралицата го прогласи за витез, а кој не е од светот на музиката или филмот, е Бил Гејтс. Основачот на „Мајкрософт“ стана почесен витез во 2005 година за неговата посветена филантропија.
Анџелина Џоли стана почесна дама во истата година. Кралицата ја почести за нејзината хуманитарна работа и борбата против сексуално насилство.
„Ова признание ми значи многу бидејќи сакам да го посветам целиот мој живот на борбата против сексуалното насилство“, изјави Џоли за Би-би-си во таа прилика.
Меѓу прогласените за дама се Ема Томпсон, Џуди Денч, Меги Смит, Хелен Мирен, Лиз Тејлор и Џули Ендрјус, а за сер Пол Макартни, Мик Џегер и Мајкл Кејн.
Во 2017 година, главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур беше прогласена за дама.
Кога кралицата Елизабета ѝ го подари брошот на Винтур, монархињата се потруди да го закачи на облеката на славната уредничка. Винтур ги извади препознатливите очила, што се случува многу ретко или никогаш, за да ја прифати честа. „Очигледно ова е град во кој пораснав, град кон кој имам толку многу наклонетост и љубов“, изјави тогаш Винтур за „Гардијан“. „Секогаш е прекрасно да се добие награда, но оваа е екстра посебна“.
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион во Формула 1, беше прогласен за витез за неговите заслуги во мотоспортот на церемонија во замокот Виндзор на 15 декември минатата година.