Вистинската драма се одвивала во Нафплио, грчкo одморалиштe, додека полицијата бркала двајца крадци кои ограбиле семејство, пренесуваат медиумите во регионот.
За време на бркотницата, еден од разбојниците доживеал мозочен удар, па полицијата наместо да го уапси, на крајот му го спасила животот.
Драмата се одвивала во утринските часови во центарот на Нафплио, кога двајца крадци упаднале во стан во кој престојувала брачна двојка со мало дете.
Крадците под закана со пиштол украле вредни предмети од семејството, а потоа ги врзале сите тројца со пластични вратоврски и избегале.
Брачниот пар почнал да вика помош, па соседите истрчале на терасата и повикале полиција.
Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и започнала потера по крадците. Во еден момент еден од крадците само колабирал, а се испоставило дека доживеал мозочен удар.
Другиот продолжил да бега и го фрлил пиштолот во корпата за отпадоци. Меѓутоа, полицијата успеала да го фати и да го приведе.
При претресот крадците пронашле вредни предмети кои ги украле од станот.
Локалните медиуми јавуваат дека жената од станот завршила во болница бидејќи крадците ја удриле во глава.
Официјалните лица соопштија дека крадецот, кој доживеал мозочен удар, е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишуваат медиумите.