CevahirTowerRunпод мотото “Освој го врвот на Cevahir кулите“ трка по скали по пример на светските метрополи, за прв пат годинава и во Македонија. Трката е во организација на АК Работнички, а ќе се одржи на 24 септември во висококатниците Скај Сити.
“Трките од овој карактер се одржуваат во највисоките згради низ целиот свети во соработка со Џевахир Скај Сити за прв пат оваа години ќе организираме трка токму во една од четирите највисоки кули во Македонија. CevahirTowerRunстремиме да прерасне во традиционална трка, привлекувајќи го вниманието и овозможувајќи учество на дел од најдобрите натпреварувачи од светотовде во Скопје, како полноправна членка на светската асоцијација за TowerRunning”, велат од АК Работнички
Организаторите на трката по скали ги повикуваат сите заинтересирани натпреварувачи и спортски активни лица да се пријават и учествуваат (https://cevahirtowerrun.com/) во CevahirTowerRun трката по скали, како единствена од ваков вид во Македонија.
Учесниците на трката ќе имаат предизвик да се искачат до врвот на Кулата Ц искачувајќи 41 кат со вкупно 752 чекори и со тоа следејќи ги едни од најдобрите светски познати трки EmpireStateBuildingRun-up, Tower 42 London, како и WalkieTalkieLondon.