Импресивна историја на љубовни врски на Пит Дејвидсон

Го добивате она што го гледате кога станува збор за Пит Дејвидсон. Тој е спретен комичар со тони тетоважи, кој сака да се шегува дури и за сопствените проблеми со менталното здравје, а сега се чини дека е најбараниот ерген во Холивуд имајќи предвид дека бил во врска со некои од најубавите и најталентирани жени таму. Последна од нив беше Ким Кардашијан, но по девет месеци и неколку тетоважи посветени на неа, на почетокот на август двајцата решија да се разделат.

Извори блиски до Ким и Пит изјавија за „Е! Њуз“ дека сè уште имаат многу љубов и почит еден кон друг, но нивниот динамичен распоред и далечината ја направи врската неодржлива. Дејвидсон е во Австралија каде работи на филмот „Волшебници“ додека Кардашијан е зафатена со подигање на своите четири деца и заедничкото родителство со поранешниот сопруг Канје Вест.

Можеби е тажно да се стави крај на таква виорна романса, но кој знае со кого ќе биде Дејвидсон сега кога ќе се врати на пазарот, коментира „Ју-ес викли“.

Која е тајната на ѕвездата од ‘Сатрдеј најт лајв’? И кого може да вброи меѓу своите бројни врски?

Меѓу многуте, таблоидите ги наброија Аријана Гранде, Каја Гербер, Кејт Бекинсејл, Маргарет Квали…

Треба да знаете
Последни објави