Христијан Мицкоски заедно со неговиот партнер, проруската инсталација Димитар Апасиев со насилни протести и крвави сценарија работат против интеграцијата во ЕУ.
Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции.
Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?
Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи.
Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани.